Макрон: Апсењето на директорот на Тeлеграм не е политичко мотивирано
Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека апсењето на извршниот директор на популарната апликација за пораки Телеграм, Павел Дуров во Париз, не е политички мотивиран потег, туку дел од независна истрага.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Дуров беше приведен на аеродромот во Париз во саботата по налог за апсење во кој се тврди дека неговата платформа се користела за перење пари, шверц на дрога и други злосторства.
Во своето прво јавно обраќање за апсењето, Макрон на мрежата Икс објави дека Франција е длабоко посветена на слободата на изразување, но дека „слободите се поддржани во законската рамка, и на социјалните мрежи и во реалниот живот за да се заштитат граѓаните и да се почитуваат нивните основните права“.
Руските владини претставници изразија загриженост поради апсењето на Дуров,оценувајќи го како политички мотивиран чекор и оти апсењето е показател за западните двојни стандарди во однос на слободата на говорот.
Телеграм тврди дека ги почитува законите на Европска Унија, вклучително и Законот за дигитални услуги, и оти корисничка политика е „во рамките на стандардите и постојано се подобрува“.
– Апсурдно е да се тврди дека платформата или нејзиниот сопственик е одговорен за злоупотребата на таа платформа. Речиси милијарда корисници ширум светот го користат Телеграм како средство за комуникација и како извор на витални информации. Чекаме брзо решение за оваа ситуација, се наведува во соопштението на Телеграм.


