Макрадули: Провизијата од 35 денари ја одредува Халкбанк, а не пошта

11 декември 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Од денеска граѓаните можат повторно да ги плаќаат сметките и да извршуваат други плаќања во готово преку шалтерите на Македонска пошта. Платниот промет на пошта ќе се одвива преку Халкбанк АД Скопје, а провизијата за плаќање на сметки ќе изнесува 35 денари.

На прашањето на „Слободен печат“ за износот на провизиите и дали од пошта преговараат со државни фирми како ЈП „Водовод и Канализација“ или „ЕВН“ за тие да ги подмируваат трошоците, а не граѓаните, Директорот на пошта, Јани Макрадули изјави:

„Услугата која банката ја прави во име на поштата е дефинирана од банката и како било која банка си пресметува провизија на услугата што ја врши, на финансиската услуга на платниот промет. Халк во име на пошта го врши платниот промет и финансиските услуги кон граѓаните.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот