Македонските војници утрово заминаа во Словенија, ќе помагаат во санирање на последиците од поплавите

Фото: Фејсбук

Сто припадници на македонската Армија утрово заминаа во Словенија во погодените области од поплавите, каде заедно со словенечките колеги, како дел од хуманитарната операција ќе помогнат во расчистување на теренот. Министерката за одбрана, Славјанка Петровска вчера при посета на војниците им порача успешно да ја завршат задачата и безбедно да се вратат дома.

Нашиот народ секогаш им помага на своите пријатели. 100 припадници на македонската Армија се подготвени за хуманитарната мисија во Словенија. Северна македонија и Словенија се пријателски држави и во тоа име правиме сè што е во наша моќ да помогнеме. Припадници на Армијата, дајте сè од себе исто како што и нашите словенечки пријатели ни помогнаа за време на пожарите пред неколку години, порача Петровска.

Фото: Фејсбук

На седница на Влада вчера беше изгласано барањето што пристигна од Словенија преку системот за помош и поддршка во кризни ситуации и на НАТО и ЕУ.

Република Северна Македонија, како и досега, продолжува да се става на располагање и солидарно учествува во разни хуманитарни мисии и акции во погодени подрачја од природни непогоди и катастрофи – се вели во соопштението од владината прес-служба.

Фото: Фејсбук

Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови низ северозападна и централна Словенија, а армијата, пожарникарите и спасувачите се обидуваат да ослободат други и да ги расчистат улиците.

Шест лица загинаа од петокот, меѓу кои и двајца холандски државјани. Словенечката агенција за животна средина објави дека поплавите вчера почнале да се повлекуваат, но некои области се уште се отсечени. Европската Унија понуди тешки машини и инженерски единици.

Словенија, исто така, побара хеликоптери, војници и монтажни мостови од воената алијанса на НАТО. Хрватска и Унгарија помогнаа со хеликоптери, а Германија со тим за цивилна заштита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот