Македонските теквондисти со 10 медали на меѓународниот турнир во Белград

Злато освои Христијан Симоновски во кадетска конкуренција/Белград, Србија/20 септември 2021/Фото: facebook.com/HulkTKDAcademy

Изминатиот викенд на меѓународниот теквондо турнир „Херкулес гејмс“ во Белград (Србија) учествуваа повеќе од 10 земји од цела Европа со над 520 натпреварувачи.

И Македонија имаше свои натпреварувачи, „Хулк таеквондо академијата“ успеа да освои девет медали, од кои по еден златен и сребрен и седум бронзени.

Христијан Симоновски беше апсолутен шампион во кадетска конкуренција со три победи против учесници од Црна Гора, Србија и Унгарија.

Од теквондо клубот „Младост“ на истиот турнир настапија Давид Петковски, Ева Митевска, Сара Рамаданова и Дамјан Марковски.

Петковски се закити со сребрен медал, додека Митевска, Рамаданова и Марковски загубија во четвртфиналните борби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот