Македонските ракометни надежи стартуваа со висока победа на „Трофеј Карпати“

фото: Ракометна федерација на Македонија

Денеска во првиот натпревар од меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“ во Романија македонската младинска ракометна репрезентација триумфираше со 39:27 против Саудиска Арабија. После првото полувреме водевме со шест голови разлика (19:13).

Најефикасен во редовите на македонската репрезентација беше Белистојаноски со пет голови, а по четири имаа Ристевски, Михајловиќ, Узунчев и Ристески.

Целиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Саудиска Арабија можете да го погледнете на следниот линк ТУКА

Вториот меч нашите ракометни надежи ќе го имаат в сабота од 17.30 часот против Словачка, а в недела во истиот термин ќе ги одмерат силите против романската селекција.

Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ играат на овој турнир кој е дел од подготовките за настапот на Европското првенство кое ќе се одржи следната година во Словенија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот