Македонските ракометарки ремизираа против Португалија на Светското младинско првенство

фото: РФМ

Денеска во првото коло од главната фазан на Светското првенство македонската женска младинска ракометна репрезентација одигра реми 28:28 против Португалија.

По првото полувреме португалските ракометарки имаа минимална предност од 14:13.

Во текот на вториот дел нашата селекција стекна убава позитива од „плус четири“ (23:19, 25:21), но не успеа истата да ја задржи до самиот крај на средбата.

Најефикасна во македонската репрезентација беше Стефаноска со девет постигнати голови.

Следен натпревар за нашите млади ракометарки на Мундијалот е против селекцијата на Црна Гора, натпреварот е закажан за 25.06 (вторник) со почеток во 20.15 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот