Македонските ракометарки не добија „вајлд-карта“ за настап на Светското првенство

фото: РФМ

Светската ракометна федерација (ИХФ) додели две „вајлд-карти“ за следниот Мундијал во женска сениорска конкуренција кој ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

Репрезентациите на Австрија и Исланд добија специјални покани за настап на Светското првенство кое ќе се организира од 29 ноември до 17 декември 2023 година.

Потсетување дека најдобрата македонска репрезентација загуби двапати од Украина во мундијалскиот бараж.

Како што најавија од ИХФ, жрепката за групите на СП 2023 ќе се одржи на 6 јули. Во продолжение погледнете ги сите четири шешири пред жрепката:

1. шешир: Норвешка, Данска, Црна Гора, Франција, Шведска, Холандија, Бразил, Германија
2. шешир: Словенија, Шпанија, Хрватска, Јужна Кореја, Унгарија, Романија, Полска, Чешка
3. шешир: Србија, Јапонија, Украина, Гренланд, Аргентина, Ангола, Кина, Камерун
4. шешир: Конго, Сенегал, Парагвај, Иран, Казахстан, Чиле, Австрија, Исланд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот