Македонските кошаркарки атакуваат на втората победа во квалификациите за ЕП 2027
Денеска од 18.00 часот во Славонски Брод, најдобрите македонски кошаркарки пред нов предизвик, да се биде подобар од поквалитетниот противник Хрватска во квалификациите за пласман на Евробаскетот 2027.
Препорачано
По стартниот триумф над Данска и поразот од Грција, нашите репрезентативки имаат шанси за нов успех, а во тоа е убедена и Анџелика Митрашиновиќ, која уште еднаш потврди дека е лидер на овој тим:
– Мислам дека секоја девојка која стапна на теренот го даде својот максимум. Покажавме сите до една, како треба да се бори за националниот дрес. Можеби во дадени моменти не нè посака среќата. не погодивме некои отворени шутеви. Но сето тоа останува зад нас. Фокусирани сме на наредниот натпревар. И да се обидеме да дојдеме до победа на гостувањето во Хрватска – порача нашата најдобра кошаркарка пред заминувањето за Славонски Брод.
Пред денешниот меч во салата „Вијаш“, интересно, сите четири селекции од групата „Ф“, имаат идентичен учинок – една победа и еден пораз.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2027 – ЖЕНИ:
ГРУПА „Ф“
ДВОЈКИ, ТРЕТО КОЛО
18.00: Хрватска – МАКЕДОНИЈА
18.30: Данска – Грција
ТАБЕЛА
1.Грција 2 1 1 174:160 3 бодови
2.Данска 2 1 1 167:1156 3
3.Хрватска 2 1 1 153:162 3
4.МАКЕДОНИЈА 2 1 1 163:179 3


