фото: твитер

Македонските фудбалерки вторпат декласирани од Србија

Клучен момент се случи во првото полувреме на дуелот во Лазаревац беше црвениот картон на Рочи кој го постигна нашиот единствен погодок.

Во својот петти натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство, македонската женска сениорска репрезентација загуби убедливо денеска на гостувањето кај Србија со резултат 8:1. Лани со 0:6 бевме поразени дома од истиот противник.

Во првите осум минути Србинките ги постигнаа првите два гола преку Пољак, а во 14. минута намали нашата репрезентација преку Рочи.

Во 39. минута останавме без една фудбалерка на теренот, бидејќи поради два жолти картони мечот предвреме го заврши Рочи. Непосредно пред паузата домашната селекција се погрижи за 3:1 благодарение на Филиповиќ.

Својата предност на теренот Србија целосно ја искористи во второто полувреме постигнувајќи уште пет голови во нашата мрежа, односно двапати стрелаше Цанковиќ, а по еднаш Дамјановиќ, Филиповиќ и Радојичиќ.

Моментно на табелата во квалификациската група „Г“ води Австрија со максимални 12 бодови, пред Србија со девет, шест има Франција, четвртопласирана е Македонија со три, а без бодови е Казахстан.

Наредниот квалификациски меч нашите најдобри фудбалерки ќе го имаат на 10 април на гостувањето кај француската селекција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот