Македонскиот скијач Мирко Лазарески освои подиум на велеслаломската трка во Колашин

фото: Скијачка федерација на Македонија

Нов голем резултат за македонското скијање на меѓународната сцена, Мирко Лазарески освои подиум во Колашин, Црна Гора.

Во понеделникот, младиот Лазарески на велеслалом трката, која се одржа во црногорскиот ски центар Колашин, имаше одличен настап и со освоени 70.20 ФИС точки го освои второто место во финалниот пласман.

Имаше вкупно време 1:43.05 мин., зад победникот Самуел Тод-Саундерс од Велика Британија (1:41.60), а на третата позиција заврши Италијанецот Ренато Морети (01:43.69).

Скијачката федерација на Македонија упати честитки до Мирко и неговиот тренер Антонио Ристевски за постигнатиот резултат.

Во текот на вчерашниот ден нашиот натпреварувач дојде до уште еден подиум, односно беше третопласиран на слаломската трка.

Лазарески, кој дојде до 77.59 ФИС точки, оствари време од 01:27.93 мин., на првото место се најде Морети (01:25.76), пред Грегор Брајовиќ од Словенија (01:27.56).

ФОТО: Македонската скијачка Јана Атанасовска освои подиум на слаломската трка во Италија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот