ФОТО: Македонската скијачка Јана Атанасовска освои подиум на слаломската трка во Италија

фото: Скијачка федерација на Македонија

Македонската скијачка Јана Атанасовска (16) освои подиум и го забележа најголемиот историски успех до сега.

Нашата скијачка надеж во својата прва сезона на меѓународни ФИС натпревари запиша уште еден рекорд во историјата на македонското женско скијање.

На денешната слалом трка која се одржа во Пасо Оклини (Италија), во силна конкуренција од вкупно 74 натпреварувачки, оствари 52 ФИС точки – фантастичен резултат кој ја пласираше на второто место во категорија до 18 години, односно на шесто место во финалниот пласман.

Вкупното време на Атанасовска е 1:40.10 мин., а победничка на трката беше Италијанката Шајен Костнер (1:39.14 мин.)

Скијачката федерација на Македонија упатува искрени честитки до Јана Атанасовска и нејзиниот тренер Александар Атанасовски за постигнатите резултати.

фото: Скијачка федерација на Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот