Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс прогласен за МВП на првенството во Германија

фото: kfsm.mk

Ти-Џеј Шортс со Телеком Бон продолжи со импресивните настапи во германскиот шампионат, а најнова жртва беше составот Готинген кој беше прегазен на гостински терен со убедливи 95:60.

Пред неколку дена Готинген го надигра Баерн Минхен со 83:75, меѓутоа сега приказната беше сосема поинаква. Тимот на македонскиот репрезентативец доминираше од почетокот до крајот на натпреварот и не остави шанси на противникот да се надева на некаков позитивен исход.

Шортс беше предводник на својот тим со 17 поени, два скока, осум асистенции и две украдени топки.

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј одново беше вистински лидер и со 17 поени, 2 скока, 8 асистенции и 2 украдени топки ја предводеше својата екипа до успех на ова гостување.

Ова беше само уште еден импресивен настап на македонскиот репрезентативец кој со 88%  освени гласови беше прогласен за МВП на првенството во Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот