Македонскиот репрезентативец Ердон Даци на позајмица во Беверен

фото: Luc Meynaerts/kvcwesterlo.be

Денеска фудбалскиот клуб Беверен на својот официјален клупски сајт објави дека нов играч на екипата е Ердон Даци (25).

Македонскиот репрезентативец ќе игра како позајмица од Вестерло во Беверен до крајот на оваа сезона.

Даци веќе има големо искуство во белгискиот фудбал, имаше важен придонес (10 голови) во успехот на Вестерло кога во сезоната 2021/2022 обезбеди влез во елитата. Пред да се пресели во Белгија ги бранеше боите на турскиот Коњаспор.

Минатата година дебитираше за македонската А репрезентација во пријателскиот меч против Ерменија и во истиот го постигна првиот гол во националниот дрес во победата од 3:1 во Струмица.

– Оваа сезона Даци уште еднаш се докажа како вреден играч за Вестерло, со три гола и една асистенција на 13 натпревари – рече спортскиот директор на Беверен, Том Ван де Абееле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот