Македонскиот народен театар бележи 79 години од основачкиот акт

Разгледница од старо Скопје / Извор: МНТ

Во историјата на Македонскиот народен театар, денешниот датум – 31 јануари е мошне значаен ден. Во тогашната 1945 година, со Решението на Президиумот на АСНОМ (бр. 581/45), се заокружи правниот карактер на постоењето на театарот, создаден во текот на војната и револуцијата. Се заокружи она што го започнаа првите драматурзи и учители, патувачките театри и театрите на другите јазици.

Потоа продолжи со желбата и силните напори на веќе афирмираните македонски театарски дејци кои активно се занимаваа со театар и во текот на Втората светска војна и веднаш по ослободувањето на Скопје. Со ова заокружување се оствари сонот на сите групи актери и уметници во тоа време, како и на културно-уметничката група „Кочо Рацин“ (составена од идните актери, режисери и сценографи на МНТ).

Се оствари сонот за национален македонски професионален театар предводен од тогаш поставениот директор – режисерот Димитар Ќостаров и секретарот – драматург Илија Милчин (набрзо примен и како актер), сонот на десетина веднаш примени актери, двајца сценографи и дваесетина сценски и административни работници.

Тоа е и сонот на 80.000 жители на градот Скопје кои со среќа ја примија оваа вест преку весниците и со озарени лица ја чекаа првата премиера на нивниот/нашиот театар, известија од РСМ НУ Македонски народен театар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот