Македонскиот голман Илиев се врати во Арсенал (ФОТО)

Фото:facebook.com/ilievdejan1

Минатото лето Дејан Илиев беше позајмен од Арсенал во тимот на Серед на нашиот тренер Славчо Војнески.

Војнески ја напушти клупата после серијата негативни резултати, во најсилниот словачки шампионат веќе четири порази по ред за моментно 10. место со 18 бодови, само четири повеќе од последнопласираниот Похроние од кого загуби во минатото коло со 2:1.

фото:фејсбук

– Имаше проблеми во клубот, бидејќи немавме место каде да тренираме, ниту опрема за тренинг. Едноставно неверојатно е да се работи во такви услови – рече Војнески.

Нашиот чувар на мрежата Дејан Илиев се врати во Арсенал и беше дел од тренинг сесијата на првиот тим кој се подготвува за последниот дуел од групната фаза на Лига Европа против Стандард Лиеж.

„Топчиите“ предводени од менаџерот Љунгберг сеуште го немаат обезбедено пласманот во нокаут фазата, моментно се првопласирани со 10 бодови во групата „Ф“, пред Ајнтрахт Франкфурт со девет, трет е Стандард Лиеж (седум), а на дното елиминираниот португалски тим на Виторија Гимараеш (два).

Во полусезоната од првенството во Словачка, Илиев за Серед имаше вкупно 18 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот