Македонскиот дипломатски синдикат се оградува од активностите на Османи околу францускиот предлог

Бујар Османи во Брисел/Фото: Скриншот

Македонскиот дипломатски синдикат (МДС) соопшти дека се оградува од сите активности на министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговиот кабинет околу францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија и почнување преговори за членство на С. Македонија во ЕУ.

Еве го во целост соопштението од МДС:

„Македонскиот дипломатски синдикат се оградува од сите активности на министерот Османи и неговиот кабинет во врска со урнисувањето на угледот на македонската дипломатија околу францускиот предлог.

Исто како и претходно во случајот со Преспанскиот договор, раководното малцинство во МНР како Преторијанска гарда го чуваше министерот од комуникација со дипломатите, претворајќи го неговиот кабинет во феудална тврдина, со една цел – самостојно донесување одлуки без притоа предметите да поминат низ дипломатски филтри и обсервација.

Не е вистина тврдењето на МНР Османи дека францускиот предлог бил предмет на анализа на најискусните дипломати. Предлогот вооопшто не искомунициран со никого, освен можеби со најтесен круг на личните соработници на Османи. Споменувањето на инволвирање на „искусните дипломати“ служи само како параван за избегнување на евентуалната одговорност за непрофесионалното и неспособно преговарање, кое беше сокриено од дипломатијата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот