Македонската таеквондистка Рељиќ со бронза на Европското клупско првенство во Софија

фото: Makedonski Olimpiski Komitet MOK

Нов голем успех на македонската таеквондистка Мила Рељиќ, која со три извонредни победи освои бронзен медал на Европското клупско првенство во Софија, Бугарија.

Во првото коло нашата натпреварувачка беше поуспешна во рунди 2:1 против Ива Петровиќ (Србија), потоа во второто коло беше подобра од Инес Тарвида (Летонија) со 2:1 во рунди. Инаку Тарвида тренира во еден од најдобрите светски клубови Фридришхафен во Германија и до сега има два бронзени медали од светските првенства во 2017 во Сеул и 2019 во Манчестер.

Во борбата за медал Рељиќ ја совлада Хрватката Хелена Кичема во 2:0 во рунди. Кичема е актуелна европска вицешампионка до 21 година. Во полуфиналето Рељиќ загуби од Јоланта Тарвида, сестра на Инес Тарвида.

Со овој медал македонската таеквондистка ветува и силно чекори кон медал на претстојното Светско првенство во Баку, Азербејџан на почеток на јуни и Европските Олимписки Игри кон крајот на јуни во Краков, Полска.

– На минатите Европски Игри нашата земја немаше медал од ниеден спорт, сега ветуваме дека ќе освоиме медал. Голема благодарност до Македонска Таеквондо Федерација, Агенција за Млади и Спорт, Македонски Олимписки Комитет и Општина Гази Баба за поддршката што ја има Мила и тренерот Ефтимов за успешни резултати. Благодарност и до Костадин Георгиевски за помошта – информираат од Таеквондо клубот „Тигри“ – Скопје, Македонија“.

Димовски освои бронза на меѓународниот таеквондо натпревар Скопје Опен Г1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот