Македонската Армија и Националната гарда на Вермонт одбележуваат 30 години партнерство

Фото: Министерство за одбрана

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал мајор Грегори Најт, денеска ќе присуствуваат и ќе се обратат на свеченоста за одбележување на 30-годишното партнерство помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда.

На свеченоста што ќе се одржи во Министерството за одбрана, ќе бидат доделени признанија за придонес во рамки на тридецениското партнерство, ќе биде прикажано видео, а ќе биде поставена и изложба на фотографии од заедничките активности на Армијата и Националната гарда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот