Македонска поезија интерпретирана во современ музички контекст ќе донесе настанот „Поетроника“
На големата сцена на Македонскиот народен театар на 8 јуни (четврток), со почеток во 21 часот, ќе се одржи настанот „Поетроника“, проект што претставува повеќе од едночасовен музичко-сценски електронски акт, односно перформанс во живо, а ќе биде изведен од неговите творци, актерот Оливер Митковски и музичарот Андреја Салпе како резултат на нивната посветеност и повеќемесечно експериментирање.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Покрај спецификата дека станува збор за конкретно македонско поетско творештво, опфаќајќи ги хронолошки сите генерации поети, „Поетроника“ се разликува од сите досегашни слични обиди во самиот пристап кон наративот и се труди да ги избегне стереотипите за тоа како се интерпретира и каква музичка форма прилега на едно поетско изразување.
Перформансот носи длабоко интимна и емотивна симбиоза на електроника, амбиент, џез-елементи и драмска нарација лишена од баналност и патетика.

Проектот е, исто така, вид сведоштво за континуитетот и конзистентноста на македонското поетско творештво, особено во време кога македонскиот јазик, идентитетот и правото на културна самоидентификација се доведени во прашање.
(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 181, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 2-4.6.2023)


