Македонска докторка од Торонто направи тест кој гарантира здраво дете при ин витро оплодување

Македонка со врвно светско откритие во медицината. Доктор Светлана Маџункова успеа да направи тест со кој се гарантира раѓање на здраво дете со Ин Витро и нема да биде носител на генетско заболување наследено од родителот, но и да не го пренесува истото на потомството, објави Сител.мк.

Таа 4 години работела на истражувањето во Клиниката за плодност во Торонто, а трудот неодамна излезе во најеминентното списание New England jurnal od medicine кое објавува студии за работи кои прв пат се применуваат во медицината како што се првата анестезија, трансплантацијата на срце.

-Студијата која ја објавивме во New England jurnal od medicine се однесува на нов пред имплантационен тест со кој што на пациенти носители на хромозомски аберации ќе имаат можност со користење на ИН витро фертилизација и тестирање на нивните ембриони да се избере ембрион кој што ќе биде здрав и кој што понатаму нема да ја пренесува истата хромозомска аберација на своето потомство. Практично со овој тест ние гарантираме детето кое што ќе се роди после имплантација на здрав ембрион ќе биде здраво нем ада има абнормалности од хромозомска природа, изјави за Сител д-р Светлана Маџункова, директор на репродуктивна генетика во Клиниката Create Fertility Centre во Торонто и претседател на одделот за генетика на канадската асоцијација за фертилитет и андрологија.

Идејата за истражувањето дошла од пациентка која имала дете со пречки во развојот и сакала да биде сигурна дека вториот плод  нема да има малформации. Досега со помош на овие тестирања родени се 50 здрави деца. Доктор Маџункова вели дека по објавувањето на студијата стотици лекари и пациенти од целиот свет се заинтересирале за нејзиното откритие кое овозможува да се избегне ризикот од повторувани абортуси, инфертилитет или раѓање на деца кои ќе имаат пречки во развојот.

-Досега немаа можност пациентите да го направат тоа испитување, додаде д-р Маџункова.

Струмичанката Светлана Маџункова веќе 8 години работи и истражува во Торонто Канада и се надева дека во блиска иднина бенефит од нејзиното откритие ќе имаат и пациентите во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот