Тимчо Муцунски / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Македонија во состав: Муцунски, Тошковски, Мисајловски, Андоновски и Божиновска ќе води стратешки дијалог со САД

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во гостувањето во „Топ Тема“ на телевизијата „Телма“, најави дека дека на 7 април, владин тим од неколкумина министри ќе одржи сесија на Стратешкиот дијалог во Вашингтон.

„Ќе бидеме прва земја во Европа која во рамки на оваа администрација ќе има сесија на стратешки дијалог во Вашингтон“, рече министерот Муцунски, без да ги образложи придобивките од таквото постигнување.

Тој информираше дека делегацијата која ќе патува во САД ќе биде предводена од него, како шеф на делегацијата, а во неа ќе бидат вклучени и министрите за внатрешни работи, одбрана, дигитална трансформација и енергетика.

Муцунски изрази очекување дека стратешкиот дијалог „ќе отвори сериозни дискусии во областа на одбраната и безбедноста, трговската и економската соработка, како и дека ќе донесе конкретни бенефити за граѓаните“.

Кузмановска од МНР рече дека министерството го почитува правото на самоодбрана, но не и за Иран: „Го поддржуваме и правото на водење војни“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот