Наум Танески/РФМ

Македонија У20: Селекторот Танески објави список со 18 ракометари за ЕХФ неделата

Селекторот на македонската младинска репрезентација до 20 години, Наум Танески, го соопшти списокот на ракометари на кои ќе смета за претстојните активности во рамките на ЕХФ неделата.

Младите македонски ракометари во наредниот период ќе одиграат неколку контролни натпревари кои ќе претставуваат важен дел од подготовките за квалификациите за Европското првенство, закажани во јули.

Танески повика вкупно 18 играчи и сите од нив настапуваат во домашното првенство. Собирот на репрезентативците е закажан за 11 мај во 11 часот во спортската сала Спортска сала Антон Димитров во Скопје.

Фото: РФМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот