Македонија, Србија и Црна Гора се договорија за формирање регионална ракометна лига
Претставници на ракометните федерации на Србија, Македонија и Црна Гора одржаа заеднички состанок, чија главна тема беше формирањето на регионални лиги во машка и женска конкуренција.
Препорачано
За време на состанокот беа разгледани различни модалитети на организирање на натпреварувањето, вклучувајќи неколку модели на лигашкиот систем, со цел подобрување на квалитетот на ракометот, зголемување на конкурентноста и зајакнување на регионалната соработка.
Сите учесници на состанокот изразија цврст и единствен став дека заедничките лиги треба да започнат веќе од септември оваа година, со високо ниво на организација и професионални стандарди.
Конечната одлука за форматот на натпреварувањето ќе биде донесена на следниот состанок, кој е планиран за април во Скопје, кога ќе бидат договорени сите клучни детали и ќе се дефинира конечниот модел на лигата. На состанокот ќе бидат поканети и претставници на клубовите, со цел активно да учествуваат во процесот на донесување одлуки.
Ракометните федерации продолжуваат со интензивната комуникација и соработка со цел спроведување на овој значаен проект за развојот на ракометот во регионот.


