Македонија со три промени во составот против Казахстан – победата е императив
Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра еден од клучните натпревари во квалификациите за Светското првенство во САД, Канада и Мексико. На само две кола пред крајот на циклусот, избраниците на селекторот Благоја Милевски се на првото место во групата, а за да ја задржат лидерската позиција, мора да слават против Казахстан во Скопје.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Селекторот Милевски реши да направи три измени во стартниот состав во однос на претходниот меч. Повредениот Висар Муслиу ќе го замени искусниот Дарко Велковски, а место во почетната единаесетка добија и Алими и Ристовски.
Почетни состави:
Македонија (3-5-2): Димитриевски; Стојчевски, Велковски, Зајков; Илиевски, Атанасов, Алими, Барди, Алиоски; Елмас, Ристовски.
Казахстан (4-3-3): Сеисен; Каиров, Касим, Алип, Вороговски; Зајнутдинов, Куат, Караман; Кенжебек, Свиридов, Чесноков.
Средбата ќе започне во 20:45 часот на Националната арена во Скопје. Во исто време ќе се одигра и мечот меѓу Велс и Белгија, а најпосакуван резултат за нашата репрезентација е триумф на домаќинот.
Македонија вечерва има јасна цел – нова победа и чекор поблиску до историски пласман на Мундијалот.


