Фото: ffm.mk

Македонија поуспешна од Северна Ирска на развојниот турнир на УЕФА

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 16 години во првиот натпревар од развојниот турнир на УЕФА што се одржува во Струмица беше поуспешна од селекцијата на Северна Ирска.

Откако по 90 минути игра мрежите мируваа на двете страни, победникот се решаваше по подобро изведување на удари од единаесет метри. Клучниот пенал за победа во овој дуел го изведе Благојче Седлоски кој успеа да го совлада противничкиот чувар на мрежата.

Според правилата на развојните турнири победникот на пенали освојува два, додека поразениот еден бод.

Во текот на натпреварот гостите од Северна Ирска беа подобар противник, но не успеаја да реализираат неколку шанси за гол.

Македонските надежи имаа две можности да стигнат до погодок, првата во 31. минута кога по додавањето на Матеја Масев, Адријан Велески го лобуваше гостинскиот голман, но топката заврши крај голот.

Во 81. минута, Александар Полимац имаше шанса за победнички погодок, но не успеа да ја погоди противничката мрежа.

Во вториот натпревар, Македонија исто така во Струмица ќе се соочи со Узбекистан, а дуелот кој е на програмата в петок почнува од 15.30 часот.

МАКЕДОНИЈА: Илхан Мехмети, Филип Ѓорѓиоски (Арди Бајрами 58), Матеј Бочески (Марио Стојчевски 58), Матеја Масев (Митко Стојанов 70), Александар Полимац (Ефе Раифи 79), Дардан Адеми (Далибор Марковиќ 70), Павел Стојанов (Огнен Сивевски 46), Илија Аксентиев, Адријан Велески (Благоја Седлоски 70), Џихан Ибраими (Михајло Павлов 58), Осман Исмаили (Марин Крстевски 46).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот