Македонија одлична на „генералката“ пред СП, момците на Лазаров ја намачија Хрватска!
Ракометната репрезентација на Македонија прикажа добра игра, но загуби во последниот натпревар пред Светското првенство вечерва против Хрватска со 27:25.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Момците на Лазаров одиграа квалитетен натпревар и одлично парираа на силниот ривал, а во првите 30 минути имавме и предност. Хрватска во самиот финиш успеа да се „одлепи“ и да стигне до победата.
Клучни во последните моменти беа одбраните на голманот Пешиќ, но имаше и неколку исклучувања во нашите редови.
Солиден настап имаше и македонскиот голман Митревски кој во првото полувреме по кое Македонија водеше со 14:13 заапиша осум одбрани. Во второто полувреме долго време бевме во егал, меѓутоа ние попуштивме во завршницата и Хрватска тоа знаеше да го искористи и да дојде до триумф
Сепак, ваквиот настап на Македонија вечерва и покрај поразот може да ни дава надеж за добро издание на Мундијалот кој го стартуваме против Унгарија на 15 јануари.
Вечерва најефикасен во нашите редови беше Атанасијевиќ со пет гола, Костески постигна четири, а Кузмановски и Серафимов по три.


