Македонија од утре во портокалова фаза, Владата донесе мерки за заштита од високите температури

Лето Скопје Фонтана Плоштад Девојче
Лето во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Од утре сите региони во државата – скопски, осоговско-малешевски, пелагониски, охридско-преспански влегуваат во портокалова фаза. Согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови, од утре се воведуваат препораки за намалување на ризиците од високите температури, според одлуката од седница на Влада.

Се препорачува ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се бремените жени и лица на возраст над 60 години. Децата во градинките да не се изнесуваат надвор во период од 11 до 17 часот. Единиците на локална самоуправа, Црвен крст и Центрите за социјални работи да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници. Се потсетуваат работодавците да ги почитуваат законските прописи во делот на ризични производствени и технолошки процеси кои може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници – се вели во соопштението.

Согласно добиените информации, во соопштението се наведува дека Владата одлучи државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките, приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, пред сѐ избегнување престој на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот. Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11:00 до 17:00 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници. Градинките треба да го организираат работното време во периодот од 7:00 до 17:00 часот, со тоа што не треба да практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по 11:00 часот.

Овие мерки ќе важат четири дена, од 13 до 16 јули до натамошно одлучување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот