Македонија нема да игра пријателски натпревар против Иран
Фудбалските репрезентации кои ќе учествуваат на Светското првенство (11 јуни – 19 јули 2026 година) во САД, Канада и Мексико, непосредно пред настапот на планетарниот собир, ќе одиграат контролни натпревари како дел од подготовките.
Препорачано
Помеѓу учесниците е и Иран за кој доста се зборува и се шпекулира во изминатиот период поради затегнатите односи по воздушните напади на САД заедно со Израел, и се стави под знак прашалник настапот на азиската селекција на Мундијалот.
Од ФИФА веруваат дека Иран како квалификувана репрезентација е добредојдена да настапи на Светското првенство. Своите мечеви од групната фаза Иранците против Белгија, Египет и Нов Зеланд треба да ги играат во САД.
Иран исто така планира да игра пријателски мечеви пред учеството на СП, иако во изминатиот период имаше најави дека можно е да се игра контролен натпревар со Македонија, истиот сепак е откажан, така одлучи Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), пренесува „tehrantimes.com“.
Покрај Македонија, и репрезентацијата на Ангола донесе одлука да не игра пријателски натпревар против Иран.
Иранската фудбалска федерација моментално работи на пронаоѓање на репрезентации како замени за да се осигури дека распоредот за тренинзи и подготовки на тимот останува во тек.


