Македонија не е меѓу нив: 10 држави во кои живеат највисоките луѓе во Европа

Факторите кои можат да влијаат на тоа колку некој народ генерално ќе биде висок се животната средина и генетските предиспозиции.

Благодарение на генетиката и на исхраната, највисоките луѓе од целиот свет живеат во Европа, пишува Дејли мејл. Македонија не е меѓу десетте држави во кои живеат највисоките луѓе.

10. Луксембург – 179,99 сантиметри
Просечната висина на мажите и жените во Луксембург е на десеттото место, а бидејќи на гените и на хормоните на растот во детска возраст може да влијае исхраната, во таа земја се промовира доењето, за бебињата да бидат здрави и високи од мали.

9. Словенија – 180,3 сантиметри
Словенија е позната по големиот број луѓе кои се многу повисоки од просекот. Можно е да се работи за генетска предиспозиција, но значајна улога би можел да има и фактот дека Словенците јадат многу месо и протеини.

8. Чешка – 180,31 сантиметри
Една од теориите кои би ја објасниле импресивната висина на Чесите е дека главниот фактор кој влијае на сантиметрите ни помалку ни повеќе е економската еднаквост.

7. Хрватска – 180,5 сантиметри
Уште една земја во подножјето на Динаридите што дефинитивно ја потврдува тезата дека генетскиот фонд во оваа област е заслужен за високото население. Од Хрватска, а особено од Далмација, доаѓаат голем број високи спортисти.

6. Германија – 181 сантиметри
Исхраната на Германците е позната по големата количина пиво и колбаси и не само што е богата со протеини, туку и со големи количини масти и шеќери. Многуте млечни производи, компирите и месото сигурно одиграле голема улога.

5. Србија – 182 сантиметри
Комбинацијата на словенските и медитеранските гени, но и доминантно динароидниот облик на главата се сметаат за важни фактори за висината кај Србите. Занимавањето со спорт од мали нозе и оброците богати со млечни производи и протеините од месо исто така имаат значајна улога, особено кога ќе се земе предвид дека Србите сакаат обилно да вечераат.

4. Норвешка – 182,4 сантиметри
Со оглед на тоа што викинзите биле меѓу највисоките луѓе на светот, Норвежаните не заостануваат зад своите предци. Норвешката исхрана се занова на протеини кои даваат сила, а важна улога е квалитет за животот и друштвената динамичност.

3. Данска – 182,6 сантиметри
Данците се познати по белиот тен, но и по тоа што се најбогатата нација во Европа, што можат да бидат значајни фактори за висина.

2. Црна Гора – 183,2 сантиметри
Црна Гора исто така припаѓа на областа на Динарските планини со пријатна клима и чист планински воздух. Црногорската кујна е мешавина на вкусови и е доволно нутритивно богата. Многу важен фактор е секако генетскиот фонд.

1. Холандија – 183,8 сантиметри
Највисоки се Холанѓаните, благодарение на, како што потврдила СЗО, квалитетот на живот и добрата исхрана која се заснова на млечни производи и морска риба. Во земјата на лалињата има толку високи луѓе што постои организација која ги застапува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот