Македонија на стартот против Фарски Острови во Лигата на нации

фото: ФФМ

Македонската фудбалска А репрезентација новото издание на Лига на Нации го започнува на 7 септември со гостување на Фарски Острови.

Три дена подоцна е нашиот прв домашен натпревар против селекцијата на Ерменија.

Селекторот Благоја Милевски по жрепката изјави дека нема фаворити во денешниот фудбал, целта ќе биде освојување на првото место.

Распоред на натпревари на македонската А репрезентација:

7. септември 2024, 15:00 часот: Фарски Острови – Македонија

10. септември 2024, 20:45: Македонија – Ерменија

10. октомври 2024, 20:45 часот: Летонија – Македонија

13. октомври 2024, 18:00 часот: Ерменија – Македонија

14. ноември 2024, 20:45: Македонија – Летонија

17. ноември 2024, 15:00 часот: Македонија – Фарски Острови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот