Милевски за групата во Лигата на Нации: Фаворити нема во денешниот фудбал, наша цел е првото место

Фото: ФФМ

Македонската фудбалска репрезентација имаше поволен ждреб на денешното извлекување на групите за новото издание на Лигата на Нации. Македонија ќе игра во група со Ерменија, Фарски Острови и Летонија.

Селекторот Благоја Милевски по добивањето на противниците не криеше дека целта е првото место во групата, иако неа ги потценува и противниците со кои сме играле во изминатите години.

“Ако во претходните циклуси бевме во групи кои реално сакавме да ги избегнеме, овој пат тоа не е случај Во денешниот фудбал нема фаворити. Посакувам само да бидеме здрави. Имаме минати дуели со сите селекции во групата, јасно е дека имаме и позитивни и лоши искуства со овие противници. Мораме да бидеме целосно фокусирани. Да имаме прав пристап против секој противник. Ерменија ја победивме на последниот меч на гости со 5:0, но да не заборавиме дека таму имаме и пораз од 4:0.  Фарски Острови и Летонија влегуваат со свои пресметки и очекувања Секој противник носи различен пристап, но не бегаме од одговорноста и целта за нас е прво место во групата”, изјави Милевски.

Лигата на Нации започнува на 5. септември, а завршува 19. ноември, завршниот турни во А-лигата се игра од 4. до 8. јуни 2025. година.

Пресврт во УЕФА: Чеферин нема да се кандидира за нов претседателски мандат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот