Македонија ќе биде во вториот шешир доколку го помине мундијалскиот бараж
Остануваат повеќе од 11 месеци до почетокот на Светското ракометно првенство во машка сениорска конкуренција што ќе се одржи во Германија во периодот од 13 до 31 јануари 2027 година. Сите групи на Мундијалот ќе бидат познати на 10 јуни 2026 година во Минхен, а Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ги објави шеширите пред ждрепката.
Препорачано
Покрај домаќинот Германија, директно место обезбедува и актуелниот светски шампион Данска која неодамна се закити и со европската титула.
Од Европа потврдени се уште четири репрезентации: Хрватска, Исланд, Португалија и Шведска. Од Африка учесници Египет, Тунис, Зелен ’Рт, Алжир и Ангола, од азискиот континент Бахреин, Катар, Кувајт и Јапонија, а Јужна и Централна Америка учествуваат со четири селекции: Аргентина, Бразил, Чиле и Уругвај.
Составот на сите шешири ќе биде комплетиран со победникот на првенството на Северна Америка и Карибите, 10 репрезентации од плејофот во третата квалификациска фаза на Европа во мај 2026 година, плус две вајлд-карти што ќе бидат доделени од Советот на ИХФ.
Прелиминарната фаза на СП 2027 ќе се состои од осум групи од по четири репрезентациите, при што првопласираните три од секоја група ќе продолжат во главната фаза од натпреварувањето.
👀 The pots for the 2027 IHF Men's World Championship are shaping up.
13 teams are still to be confirmed: 10 European sides, 1 representative from North America and the Caribbean and 2 wild card entries.
The draw is scheduled for 10 June 🙌
Read more➡️ https://t.co/6IwgcXOzhI pic.twitter.com/AjQm7g6VbL
— International Handball Federation (@ihfhandball) February 9, 2026
Сениорската машка ракометна репрезентација на Македонија ќе игра против победникот од дуелот Украина – Словачка во баражот за пласман на Мундијалот.
Првиот натпревар Македонија ќе го игра на гостински терен на 13/14 мај, додека реваншот е закажан на домашен терен на 16/17 мај 2026 година. Нашата репрезентација ќе се бори за пласман на своето 10. Светско првенство.


