Македонија ЃП ги продолжи договорите со тројца фудбалери

Македонија ЃП ја брани титулата во Купот на Македонија/Фото: Фудбалска Репрезентација на Македонија

Победникот во домашниот Куп, екипата на Македонија ЃП викендов ги продолжи договорите со тројца свои фудбалери. Есмин Личина, Стефан Тасев и Стефан Лазаревиќ ќе настапуваат за „лавовите“ и следната сезона.

На екипата наскоро ќе и се приклучи и Арби Воша кој по операцијата е пуштен од болница и за три недели се враќа на тренинзите и би требало да биде во комбинација за настап во квалификациите за пласман во Лигата на конференции.

Македонија ЃП во второто квалификациско коло ќе игра против ЦСКА Софија, првиот натпревар е закажан за 21 јули, а реваншот е една недела подоцна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот