Македонија Ѓорче Петров ги доведе последните засилувања за вториот дел од сезоната
Македонија Ѓорче Петров се засили за пролетниот дел од сезоната и денеска промовираше три нови засилување. Во редовите на „лавовите“ се враќа Стефан Лазаревиќ, додека офанзивата ја засилија Огужан Ајдоган и Стеван Николиќ.
Препорачано
Лазаревиќ ќе го носи дресот на клубот по третпат во кариерата. Десниот бек е долгогодишен играч на Македонија Ѓорче Петров, каде што има најмногу настапи, а дел од својата кариера помина и во Гостивар, Тетекс, Борец, Вардар, Силекс и Работнички. Со овој потег клубот добива искусен играч кој добро ја познава средината и е спремен да го помогне тимот во битката за повисоки позиции.
Од друга страна турскиот фудбалер со германски пасош настапуваше за Башкими, а претходно собра богато искуство во големи европски клубови како Шалке, Борусија Дортмунд и Бешикташ. Играше и во Гостивар, а низ годините играше и во Турција и Германија, што го прави интересен избор за пролетниот дел на сезоната.
За Николиќ кој игра како централен напаѓач ова прв предизвик во македонскиот фудбал, а последниот ангажман го имаше во Краљево, претходно беше дел од: Бјело Брдо, Марибор, Телеоптин, Табор Сезана, Трајал, како и младинските катергории на Партизан и Црвена Звезда.
Првиот натпревар од вториот дел од сезоната кој беше отворен денеска, Македонија Ѓорче Петров го игра в четврток од 13:00 часот на гости во Струмица против Брера.
ВИДЕО: Дербито во Тетово за Шкендија, Тиквеш ја наполни мрежата на Шкупи


