Македонија ги пополнува испразнетите амбасадорски места

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На денешната седница на Комисијата за надворешна политика 15 дипломати, идни македонски амбасадори, ќе ги претстават своите  платформи за дипломатските активности во државите каде ќе отпатуваат. Во дел од нив Македонија немаше амбасадори дури и по две – три години.

Претседателот на Комисијата за надворешна политика, Антонијо Милошоски, за Слободен печат вели дека најверојатно до крајот на годинава новите амбасадори ќе отпатуваат на своите работни места. Но, посочува тој, треба да се пополнат и останатите амбасадорски места.

По зеленото светло од членовите на Комисијата за надворешна политика за новите амбасадори, Комисијата ќе испрати записници до Министерството за надворешни работи и до претседателот на државата Стево Пендаровски. Откако новите амбасадори ќе добијат  указ и упат (календар, термин) ќе заминат за државата за која се определени.

Во Кралството Данска, амбасадор ќе биде Фатон Бејта, во Катар ќе отпатува Шабан Јашари, во Албанија Данчо Марковски. Платформата со своите дипломатските активности во Казахстан ќе ги претстави и Сали Лимани. Во столчето на македонскта амбасада во соседно Косово ќе седне Шпреса Јусуфи. Марија Ефремова ќе биде амбасадор во Ватикан. Во Република Чешка во амбасадата во Прага, ќе отпатува Сашко Тодоровски. Во Јапонија ќе не претставува Горан Цеков. Во Србија, во македонската амбасада во Белград ќе не претставува, Васко Грков. Во Австралија, во амбасадата во Камбера ќе отпатаува Билјана Стефановска Сековска, а во Кралството Холандија нова амбасадорка ќе биде Бети Јачева. Во Република Естонија амбасадор ќе биде  Драган Јордановски.

Своите платформи за дипломатските активности во Организацијата на обединетите нации ќе ги претстави Теута Агаи-Демјаха. Ополномоштен амбасадор и постојан претставник при Советот на Европа на Македонија во Стразбур ќе биде Светлана Гелева и Дане Талески ќе биде ополномоштен амбамсадор и Шеф на Мисијата при НАТО со седиште во Брисел.

Но заминувањето на новите амбасадори на посакуваните дестинации најверојатно нема да оди така мазно. Според неофицијални информации на Слободен печат патот на новите амбасадори за светските дестинации е се уште неизвесен и не е исклучено дел од нив да заминат и по Нова година, поради немање на пари.  

Се ќе биде појасно откако ребалансот на буџетот кој помина во Влада треба да стигне во Собранието. Тогаш ќе се обзнани дали во него се скратени пари и од буџетот планиран за МНР, со кои треба да се подмират трошоците (платите и сместувањето на семејствта) на амбасадорите кои и не се така мали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот