Македонија ги дозна ривалите за ЕХФ шампионатите во 2022 година

Кадетите ќе играат на ЕХФ шампионатот во Летонија/фото: ИХФ

Во канцелариите на ЕХФ во Виена извлечени беа групите за ЕХФ шампионатите во младинските категории што ќе се играат во текот на летото 2022 година.

На шампионатот за ракометари до 20 години (младинци) што ќе се игра во Варна, Македонија ќе настапува во групата „А“ заедно со селекциите на Израел, Литванија, Грција, Луксембург и Велика Британија, додека другата група ќе ја сочинуваат Белорусија, Фарски Острови, Финска, Грција, Естонија и Литванија. ЕХФ шампионатот е предвиден да се игра во периодот од 14 до 23 јули 2022 година.

ЕХФ Шампионат до 20 години – Варна, Бугарија:
Група „А“: Израел, Македонија, Литванија, Грција, Луксембург, Велика Британија
Група „Б“: Белорусија, Швајцарија, Роминија, Украина, Косово

На шампионатот за играчи до 18 години, Македонија ќе настапи на турнирот што ќе се игра во Рига, Летонија во периодот од 8 до 14 август 2022 година. Нашите кадети ќе бидат дел од групата „А“ заедно со селекциите на Летонија, Турција и Косово.

ЕХФ Шампионат до 18 години – Тбилиси, Грузија:
Група „А“: Македонија, Летонија, Турција, Косово
Група „Б“: Русија, Швајцарија, Луксембург, Белгија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот