Фото: ФФМ

Македонија ќе биде домаќин на развоен турнир на УЕФА за фудбалерки до 16 години

Во периодот од 6 до 11 мај 2026 година во Струмица ќе се одржи развоен турнир на кој покрај фудбалската репрезентација на Македонија, ќе настапат и женските селекции до 16 години на Косово, Сан Марино и Андора.

Натпреварите ќе се играат на терените на тренинг центарот Горан Пандев и во Турново. Во првото коло кое е на програмата на шести овој месец се среќаваат репрезентациите на Македонија – Сан Марино (Стадион Пандев) почетокот е закажан за 12.00 часот, додека од 15.30 часот ќе стартува дуелот Косово – Андора (Стадион Кукуш – Турново).

В петок на 8 мај во Струмица од 15.30 часот почнува натпреварот Македонија – Андора, додека од 12.00 часот во Турново се среќаваат Косово и Андора. Во последната рунда која е на програмата на 11 мај, Македонија во Турново е домаќин на Косово и овој меч ќе се игра во Турново со почеток од 13.00 часот, а во Струмица од 10.00 часот ќе играат Сан Марино и Андора.

Репрезентацијата до 16 години ја предводи селекторката Катерина Милеска која за овој турнир ги повика следниве фудбалерки:

Ања Стојмиловска Голман ЖФК Кочани
Mагдалена Иломаноска Голман ЖФК Топ Гол
Дорунтина Сејдини Голман ЖФК Ускана

Нина Манасиева Одбрана ЖФК Кочани
Лина Мицовска Одбрана ЖФК Кочани
Арианеса Арсланоска Одбрана ЖФК Ускана
Aнабела Блажеска Одбрана ЖФК Ас Јунајтед
Eмилија Ивковиќ Одбрана ЖФК Скопје
Ангелина Јованоска Одбрана ЖФК Љуботен
Мила Коњановска Одбрана ЖФК Топ Гол

Тамара Атанасовска Среден ред ЖФК Скопје
Ања Каранфиловска Среден ред ЖФК Истатов
Марија Велиновска Среден ред ЖФК Кочани
Душица Лазареска Среден ред ЖФК Цевитана
Геновева Калајџиеска Среден ред ЖФК Ас Јунајтед

Елена Наумоска Напад ЖФК Скопје
Јана Милошевска Напад ЖФК Скопје
Ана Марија Велевачкоска Напад ЖФК Цевитана
Софија Велинова Напад ЖФК Фудбал старс
Христина Јорданова Напад ЖФК Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот