Македонија доби почесен конзул во Панчево, Србија
Министерството за надворешни работи на Србија соопшти дека в.д. помошничката-министерка за надворешни работи Наташа Рашевиќ во Белград му ја предала владината согласност за именување на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија, Душан Адамовиќ.
Препорачано
Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево, со конзуларна јурисдикција која ја опфаќа територијата на административната област Јужен Банат, во која има најголема концентрација на Македонци и луѓе со потекло од Македонија во населението – во Панчево, како и во селата Јабука и Качарево.
На презентацијата на согласноста во Министерството за надворешни работи присуствувале амбасадорот на Република Северна Македонија во Република Србија, Никола Тупанчески и првиот секретар во Амбасадата, Гоце Пејовски.
„Во таа прилика беа потврдени пријателските врски меѓу двете земји и блискоста на двата братски народи, како и очекувањето дека по стапувањето на функцијата почесниот конзул Душан Адамовиќ ќе даде дополнителен поттик за унапредување на билатералните односи меѓу Република Србија и Република Северна Македонија“, пишува во соопштението.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


