Македонија без напаѓачот Стојановски во квалификациите за СП!

фото: ffm.mk

Овој месец нашата најдобра репрезентација ќе ги стартува квалификациите за пласман на следното Светско првенство 2022 Катар.

Македонија предводена од селекторот Игор Ангеловски на 25 март ќе гостува во Букурешт кај Романија, три дена подоцна дома игра со Лихтенштајн, а на 31 март во Дуизбург ќе ги одмери силите со Германија.

Француската професионална лига (ЛФП) денеска соопшти дека клубовите од тамошната Прва и втора лига нема да ги пуштат своите фудбалери повикани за репрезентативните настапи во земји кои не се членки на Европската унија. Причината поради тоа се правилата поврзани со самоизолација со цел да се спречи ширењето на ковид-19.

А тоа значи дека Влатко Стојановски кој ги брани боите на францускиот второлигаш Шамбли нема да биде во составот на Ангеловски во наредниот период.

Останува да се види дали ќе се повика друг напаѓач за претстојните мечеви, во нападот се наоѓаат уште Горан Пандев, Иван Тричковски, Илија Несторовски, Александар Трајковски и Крсте Велкоски.

Ангеловски го објави списокот на играчи за почетокот на мундијалските квалификации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот