Македонецот Стивен Ивановски е меѓу загинатите во пожарот во Кран-Монтана

Младиот македонски државјанин Стивен Ивановски, кој исчезна за време на ужасниот пожар во барот „Ле Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, е меѓу загинатите во трагедијата која се случи на новогодишната ноќ, дознава „Скопје1“ од извори блиски до семејството.

По неколкудневна неизвесност и потрага низ болниците во повеќе европски држави, ДНК-анализата потврдила дека Ивановски не успеал да се спаси од огнената стихија.

Трагичната потврда доаѓа по денови надеж и исчекување, во кои семејството и пријателите веруваа дека постои можност Стивен да е хоспитализиран надвор од Швајцарија, откако во болниците во земјата не бил евидентиран. Неговите најблиски претходно информираа дека проверките биле проширени и во Франција и Италија, но без конкретни информации за неговата состојба.

Од Министерството за надворешни работи претходно потврдија дека кај нив е пријавен случајот за исчезнат македонски државјанин по пожарот и дека амбасадата била во постојана комуникација со семејството, како и со швајцарските институции, додека траела идентификацијата на жртвите.

Стивен Ивановски последен пат бил виден во новогодишната ноќ, во моментите кога избувнал пожарот во подрумскиот дел од барот, во кој животот го загубија десетици лица, а стотици беа повредени. Неговото исчезнување предизвика бран апели на социјалните мрежи, каде семејството и пријателите бараа каква било информација за неговата судбина.

Според информациите објавени од неговите блиски на социјалните мрежи, Стивен во кобната ноќ бил облечен во бели панталони и бел дуксер (како на фотографиите). Тие напишаа дека постои можност кај себе да ги има и специфичните очила за сонце кои ги носи на фотографијата.

Неговото семејство пред два дена упатиа молба до сите кои можеби го виделе Стивен, или имаат информација дали бил примен во болниците во Женева или Цирих, веднаш да контактираат и остави телефонски броеви за контакт.

ВИДЕО | Експлозија во бар во познат швајцарски скијачки центар, има загинати и повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот