Македонец доби 4,5 години бугарски затвор за шверц на амфетамин, треба да плати и 25.000 евра

Фото: илустрација /Арбнора Мемети

Окружниот суд во Ќустендил го осуди на четири години и шест месеци затвор и парична казна од 50.000 лева (25.000 евра) Дејан Д., кој има и бугарски пасош, за обид на шверц на амфетамин и обид за илегален премин на бугарската граница.

Според БТА, судот во Ќустендил соопштил дека обвинетиот признал вина по трите точки од обвинението – дека се обидел да ја шверцува дрогата вредна околу 27.000 евра, дека поседувал високоризична наркотична супстанца без дозвола и дека се обидел „на диво“ да ја премине границата.

Тој на 7 јули годинава, на излез од Бугарија на граничниот премин „Деве Баир/Ѓуешево” се обидел со неговиот автомобил „Пежо 407″ преку границата да го пренесе амфетаминот, со вкупна тежина од 1.855,78 грама, во две пластични шишиња со етикети на концентрат за автомобилски стакла и зелен чај и дека при царинската контрола го запалил автомобилот и се обидел да побегне во правец на Македонија.

На претходното судско рочиште, одржано на 8 јули, обвинетиот пред Судот изјави дека „не знае што има во шишињата” и дека бил вработен во македонската Царинска управа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот