Мајсторија на Коларов, Рома ја освои Фиренца! (ВИДЕО)

фото: твитер

Денеска во рамките од 17. коло во Серија А екипата на Рома славеше на гостувањето кај Фиорентина со резултат 1:4.

Имаше три голови реализирани во првото полувреме, Џеко во 19. минута им донесе водство на гостите од непосредна близина после асистенцијата на Заниоло.

Само 120 секунди подоцна следуваше еден прекрасен погодок од слободен удар на српскиот интернационалец Коларов, додека Хрватот Бадељ во 34. минута на стадионот „Артемио Франки“.

На теренот во Фиренца Пелегрини зголеми на 1:3, а конечниот епилог го постави Заниоло од контра.

На табелата после 10. победа сезонава во најсилното италијанско фудбалско првенство римскиот клуб се наоѓа на четвртото место со 35 бодови, зад Јувентус (42), Интер (39) и Лацио (36).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот