Мајките на руските војници остро кон Путин: Кукавицо, имаш ли храброст да нè погледнеш во очи?

Мајки на загинати војници, ИЛУСТРАЦИЈА/ Фото: Hudak Serhii/Ukrinform/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Советот на сопруги и мајки е организација на жени чии членови на семејствата служат во руската армија. Нејзините лидери биле изненадени откако слушнале за планираната средба на претседателот Путин со неколку мајки на војници, а ниту една од нив не била поканета на средбата, пишува независниот портал Медуза.

Претседателката на Советот, Олга Цуканова, објави видео во кое инсистира Путин да се сретне со „вистински мајки“, наспроти „скроти“ жени кои биле „лично избрани“ од бирократите во Кремљ за таа пригода.

„Владимир Владимирович, дали си маж или што? Кукавица, имаш ли храброст да нè погледнеш во очи – отворено, во лицето на жените кои не се избрани од тебе. Жени кои не ти се во џеб, туку вистински мајки кои допатувале на свој трошок овде од различни градови за да ве запознаат?

„Ние сме тука, во Москва и подготвени сме да се сретнеме со вас. Го очекуваме вашиот одговор! Уште ли ќе се криеш од нас? Имаме луѓе во Министерството за одбрана, во канцеларијата на воениот обвинител, во претседателската администрација – сите тие се мажи, вклучително и претседателот. А мајките се на другата страна. Па, дали сите ќе излезете на некој дијалог – или само ќе се криете?“, праша таа.

Да потсетиме, вчера, повикувајќи се на извори од Кремљ, рускиот весник „Ведомости“ објави дека Путин ќе се сретне со група мајки на војници кои се борат во Украина. Еден од изворите рече дека Путин планира да разговара за борбените операции. Запрашан да ја потврди оваа информација, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го потврди извештајот.

Потрагата на руските мајки по своите синови-војници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот