МАЈКА ОБЈАВИ ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА: Вака изгледа ПРВИОТ УЧИЛИШЕН ДЕН за моите три деца поради ПИЈАН ВОЗАЧ

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Мајката Џенифер Невил-Лејк е авторка на една од највознемирувачките фотографии кои ќе ги видите денес. Џенифер ги загуби своите три деца кога со автомобил ги удри пијан возач кој не застанал на стоп-знак, објави „Еспресо.рс“.

Даниел, Хари и Мили во 2015 година не го дочекале почетокот на училишната година поради несреќата. Нивната мајка кај нивното вечно почивалиште ги донела нивните торби за ужина и балони за првиот училишен ден, а глетката навистина е многу вознемирувачка.

Сите кои ја виделе фотографијата на Фејсбук се многу вознемирени, а многумина признаа и дека ги расплакала.

– Осмо, четврто и второ одделение. Односно, требаа да бидат. Ова беа нивните торбички за ручек за нивната училишна 2015 година. Вака изгледа првиот училишен ден во нашето семејство поради пијан возач – напиша скршената мајка Џенифер.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот