Фото: Фејсбук/Тања Кочовска

Мајка ми е темпирана бомба: Нела Павловска искрено за односот со родителите, Тања Кочовска и Предраг Павловски

Досега непозната приказна за Тања Кочовска и за Предраг Павловски раскажа нивната ќерка Нела, која е исто така актерка.

Во емисијата „Нешто конкретно“, Нела, која е дел од ансамблот на МНТ, рече дека уште ја викаат „малата на Тања“.

„Кај мене е тоа ‘малата на Тања’ и тоа е секогаш смешката. А инаку тие што го знаат татко ми, секогаш: ‘Иста си ко татко ти, скината глава си на татко ти’. А тие пак што ја знаат мајка ми од порано, секогаш велат: ‘Е многу потсетуваш на мајка ти’. И додека стасам јас на ред… ама јас сум Нела, може ли јас да сум Нела? ‘Па, и на тетка ти малку личиш, а и баба ти кога беше млада со косичката, со очите… па и дедо ти па светли очи има“, сподели младата актерка.

Потоа, таа го спомена својот брат Александар, кој е син на Тања од бракот со покојниот актер Владимир Ендровски, и рече дека тој избрал да не се занимава со глума, туку со туризам.

„Тој со сосема нешто друго се занимава, со туризам. Има уште две сестри кои исто така се од актерско семејство и тие не продолжија“, додаде Нела Павловска.

Потоа, водителката ги праша гостите на кого се обраќаат кога ќе им тргне на лошо, а Нела одговори дека тоа е татко ѝ.

„Тато, затоа што е многу смирен човек, а мајка ми е темпирана бомба. И мислам дека што и да тргне некако наопаку, не знам што и да се случи, татко ми само ќе ми каже: ‘Добро, смири се, полека, ќе средиме’. А мајка ми: ‘А кој, што, каде, како, да го тепам…’. И тука додека се разбереме“, рече младата актерка.

Во истата емисија, таа изјави дека е горда на татко ѝ затоа што никогаш не правел разлика помеѓу неа и нејзиниот брат Александар Ендровски, иако Предраг не му е биолошки татко.

„На Тања сум горда затоа што кај неа ништо не е невозможно. Сè може, сè… Едноставно мислам дека таа жена навистина сè може да направи. А татко ми – најгорда на татко ми сум што никогаш во животот, никогаш нема направено разлика меѓу мене и брат ми, иако брат ми не е негов син. А заедно се од кога брат ми имал шест години. Никогаш не направил разлика. Напротив, тие се екипа“, рече актерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот