Фото: Фејсбук/Маја Кикириткова

ФОТО | Маја Кикириткова со емотивна порака за Светскиот ден на предвремено родените деца: „Мали борци од неполни 2 килограми, денес големи и насмеани“

Модната дизајнерка Маја Кикириткова повторно го одбележа Светскиот ден на предвремено родените деца со емотивна објава на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии и спомени од најтешките, но и најубавите моменти од мајчинството.

На објавените фотографии се гледаат првите денови по раѓањето на нејзините деца, Лазар (7) и Ева (5), кои дојдоа на свет предвремено, со помалку од два килограми. Маја откри дека во двете бремености ѝ се одлепила плацентата, па морала итно да ги породи во иста гестациска недела и со иста родилна тежина.

Лазар поминал период во инкубатор и не ѝ било дозволено да го дои, иако првиот контакт е од огромно значење за новороденчето. Со Ева ситуацијата била малку полесна, бидејќи девојчето било само под набљудување, а Маја успеала да се избори да добива мајчино млеко уште од самиот почеток.

Кикириткова секогаш отворено зборува за своето искуство, особено на 17 ноември, денот посветен на сите предвремено родени бебиња и нивните семејства. И оваа година, таа сподели нова серија фотографии од инкубаторот, но и од радосните моменти низ годините, кога Лазар и Ева прераснуваат во здрави, среќни деца на кои таа е бескрајно горда.

„Секој 17 ноември потекува по една солза, што од мака, што од радост. Тука сте во мојот живот, а јас сум горда што баш мене ме избравте да бидам ваша мајка. Мали борци од неполни 2 килограми, кои пораснаа во големи деца. Останете такви какви што сте, борбени, истрајни и секогаш насмеани. Ве сака мама бескрајно“, напиша Кикириткова на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот