Фото Јутјуб МОН
Фото Јутјуб МОН

„Магијата е во знаењето“ денеска во средното медицинско училиште во Тетово

Денеска во амфитеатарот на средното медицинско училиште  „Никола Штејн“ во Тетово ќе се одржи третата панел-дискусија во рамки на националната кампања „Магијата е во знаењето“ што ја спроведува Министерството за образование и наука.

Кампањата по повод Светскиот ден на наставниците има цел да ја истакне суштинската улога на наставниците и значењето на нивната професија во општеството.

Панел-дискусијата денеска е на тема „Каква магија се крие зад една петка – минатото и сегашноста во дуел“, со фокус на тоа како се менувало значењето на оценувањето низ генерациите, што значи денес вистински успех и како наставниците го препознаваат трудот и напредокот на учениците во современиот контекст.

На настанот е најавено учество на министерката за образование и наука Весна Јаневска, Милка Тримчевска – директорка на Биро за развој на образованието, Даниела Апостоловска – одделенски наставник и помошник директор во ООУ „Братство – Миѓени“ од Тетово, Сихана Каба Касами – одделенски наставник и директор во тетовското ООУ „Кирил и Методиј“ и Салих Мислими – доктор по општа медицина и професор по стручни предмети во ОСМУ „Никола Штејн” – Тетово.

Настанот ќе може да се следи и во живо на Јутјуб каналот на Министерството за образование и наука на следниот линк.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот