pixabay

Магдоносот го чисти телото, го зајакнува имунитетот, го штити срцето, а има двојно повеќе витамин Ц од лимонот

Ова скромно растение крие изненадувачко богатство од хранливи материи и може значително да придонесе за нашето здравје.

Магдоносот е исклучително богат со витамин Ц – дури и повеќе од лимонот. Само две лажици свеж магдонос содржат околу 16% од препорачаната дневна доза на витамин Ц, кој е клучен за нормално функционирање на имунолошкиот систем и одбраната на телото од инфекции. Покрај тоа, магдоносот е добар извор на витамини А и К, кои се важни за здравјето на очите и здравјето на коските.

Го прочистува телото и го потпомага варењето

Магдоносот делува како природен диуретик – го поттикнува исфрлањето на вишокот течности и токсини од телото. Затоа е корисен сојузник за оние кои се борат со задржување на вода или благо отекување. Покрај тоа, есенцијалните масла од магдонос, особено апиолот и миристицинот, можат да ја намалат надуеноста и да го подобрат варењето на храната.

Богат е со антиоксиданси

Магдоносот содржи моќни антиоксиданси како што се флавоноиди (на пр. лутеолин), каротеноиди и витамин Ц, кои помагаат во борбата против оксидативниот стрес. Редовното консумирање на овие соединенија може да го намали ризикот од хронични заболувања, вклучувајќи срцеви заболувања и дијабетес.

Природен сојузник против лош здив

Благодарение на својот освежителен вкус и природните масла, магдоносот може да помогне во неутрализирање на лошиот здив – нешто што нашите предци добро го знаеле и го користеле по оброци богати со лук и кромид.

Како најдобро да го користите?

Најголеми придобивки од магдоносот ги добиваме кога го консумираме свеж. Додајте го на крајот од готвењето во супи, чорби, сосови или наросете го врз салата. Можете да го додадете и во смутија, да го користите како основа за зелен сок или да направите песто од магдонос наместо босилек.

Домашно макало со магдонос

Магдaносот е неизбежен во најразличните рецепти на медитеранската кујна (салати, чорби, чаеви итн), но истото може да се каже и за македонската. Со додавање на неколку состојки како индиски ореви и лук, од овој здрав зеленчук може да подготвите здраво и вкусно домашно макало или сос. Намазите полни со конзерванси заменете ги со лесно приготвено макало кое оди одлично во комбинација со топол леб. Може да го примените и како уникатен сос со сите видови тестенини или печени компири.

Зеленото макало од магдонос, индиски ореви, лук и зачини може да се послужи и како прелив на главните јадења, а неговиот богат состав го прави особено здрав и хранлив.

Состојки:
– 10 грама свеж магдонос
– 7 грама свежи листови од босилек
– 15 милилитри сок од лимон
– 60 грама индиски ореви
– 80 милилитри вода
– 2 големи чешниња лук
– 1/2 лажиче морска сол
– црн пипер и сол по вкус
– маслиново масло

Подготовка:
Потопете ги индиските ореви во многу топла вода 15-20 минути, а потоа исцедете ги.
Во мал блендер, додадете ги сите состојки и блендирајте околу 1-2 минути или додека не добиете кремаста смеса. Прилагодете го вкусот по потреба, додадете повеќе сол по вкус, сок од лимон за киселост или билки. Ако е премногу густо, додадете повеќе вода. Чувајте го во затворен сад во фрижидер најмногу 3-4 дена.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот