Лукаку зборува осум јазици, единствен случај во светскиот фудбал (ВИДЕО)

twitter/TrakFootball

Секоја чест за силниот белгиски напаѓач на Интер, со оваа дарба ретко кој играч може да се пофали.

Ромелу Лукаку е човек за пример, не се мисли само на неговата досегашна фудбалска кариера, ниту на 17 голови во 25 натпревари за миланскиот клуб.

Ретко кој може да се пофали како силниот белгиски напаѓач на Интер, односно тој е единствен случај во светот на фудбалот кој зборува дури осум јазици.

Упорноста и желбата да научи јазици во средините каде што игра и живее, Лукаку не ги загуби ниту со преселбата во Италија, каде веќе после два и пол месеци даваше интервјуа како да е роден некаде во Калабрија.

Освен италијанскиот, Лукаку го зборува мајчиниот француски јазик, како и фламански, кој како и повеќето Белгијци, го учеше во основно училиште.

Своите корени ги влече од Конго, одржува редовни контакти со роднините во Лингала, зборуваат на Банту јазик кој најмногу се користи во таа африканска држава.

Лукаку исто така зборува уште на англиски, шпански, португалски и германски, иако никогаш не играл фудбал во трите последноспоменати земји.

Сите ги изненади после завршувањето на натпреварот против Бразил на Мундијалот во Русија, кога даваше интервју на чист португалски јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот