Луис Рубиалес повеќе не е прв човек на шпанскиот фудбал поради скандалозниот бакнеж

фото: EPA-EFE/JUAN CARLOS HIDALGO

Шпанската фудбалска федерација преку својот официјален сајт објави дека претседателот Луис М. Рубиалес поднесе оставка. Покрај тоа, Рубиалес поднесува оставка и од функцијата потпретседател на Европската фудбалска унија (УЕФА), потврдија од федерацијата.

Рубиалес одлучи повеќе да не биде прв човек на шпанскиот фудбал откако пред три недели ја бакна во уста шпанската фудбалска репрезентативка Џенифер Хермосо.

Потсетување дека контроверзниот момент се случи во прославата на шпанската женска фудбалска репрезентација која ја освои титулата светски шампион. На 20 август во финалето одиграно во Сиднеј најдобрите шпански фудбалерки со 1:0 ја совладаа Англија.

ФИФА го суспендираше првиот човек на шпанскиот фудбал

Рубиалес беше претседател на Шпанската фудбалска федерација од мај 2018 година. Во петокот шпанското државно обвинителство го обвини Рубиалес за „сексуален напад“ и „принуда“ затоа што ја бакна во уста шпанската фудбалерка Хермосо (33) по Светското првенство.

Хермосо минатата недела го пријави Рубиалес во државното обвинителство во Шпанија. Државното обвинителство бара од истражниот судија во Мадрид да го сослуша Рубиалес како осомничен и Хермосо како жртва.

Рубиалес нема да добие посериозна казна за бакнежот, шпанскиот суд ја поништил кривичната пријава

Рубиалес тврди дека бакнежот произлегол од еуфоријата од конечната победа од 1:0 и дека бил „консензуален“ и „взаемен“ чин меѓу двајца пријатели. Четири дена подоцна, Хермосо преку синдикатот и Твитер изјави дека не му дала дозвола за бакнеж, а потоа и федерацијата извршила притисок врз неа, нејзиното семејство и пријателите да го заштитат Рубиалес.

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го суспендираше Рубиалес на 90 дена додека трае дисциплинскиот процес. До дополнително известување, шпанската федерација ја предводи потпретседателот Педро Роча (68).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот